ИТ СИСТЕМИ

Нашата цел е да обезбедиме комплетни напредни информатички решенија, од консалтинг проектирање и имплементирање на мрежни, хардверски и софтверски и решенија, до управување со проекти, испорака и имплементација на опрема и софтвер, техничка поддршка и одржување на системи.

Нашата стратегија е да го одржиме широкиот опсег и високиот квалитет на услуги, а за нашата успешност, стручност и квалификуваност потврдуваат многу задоволни клиенти и соработници.

Функционалноста и перформансите на компјутерските системи во најголем дел зависат од изборот на компонентите и нивните карактеристики и можности при проектирањето на компјутерскиот систем.

Ние Ви нудиме техничка поддршка и консултации при изборот на компјутерскиот систем од проверени производители, којшто максимално ќе ги задоволи Вашите барања и ќе одговори на Вашите потреби.

Нашата цел е на клиентите да не им се нуди решение коешто е во моментов најдобро на пазарот туку решение коешто со своите карактеристики најквалитетно ќе ги задоволи нивните моментални и идни барања и потреби.

Ви нудиме и техничка поддршка и консултации при изборот на софтверските решенија, потребни за доверлива работа на компјутерскиот систем и за квалитетно извршување на Вашите потреби.

Ви нудиме можност за склучување договор за тековно одржување на Вашиот информатички систем.

Со тековното одржување на информатичкиот систем се обезбедува:

  • поставување на системот и сите негови составни елементи (локална мрежа, работни станици, печатачи, скенери и т.н.) во структура којашто ќе обезбеди доверлива,
  • квалитетна и продуктивна работа,
  • одржување на ситемот во работна состојба,
  • софтверска и хардверска дијагностика и превентива,
  • зачувување на податоците со креирање на резервна копија ( backup ) на надворешен медиум или на мрежни уреди за зачувување на податоци,
  • антивирусна заштита и заштита од упади во системот,
  • контролиран пристап до податоците во системот,
  • контролирано делење на документи во мрежа,
  • контролиран пристап до и од Интернет,
  • информирање и советување за потребите или решенијата кои се однесуваат на функционалноста на информатичкиот систем,
  • техничка поддршка и консултации при изборот на софтверските решенија, потребни за доверлива работа на компјутерскиот систем и за квалитетно извршување на Вашите потреби.

Нашата цел е да им објасниме на клиентите дека превентивата е најважниот фактор за обезбедување на доверлива, квалитетна и продуктивна работа на информатичките системи.

Размислете, потоа да не биде доцна.

socomec   Дефектите, оштетувањата и откажувањето на компјутерската и мрежната опрема најчесто се случуваат при прекин на напојувањето на уредите, нестабилност на напонот на напојување и при испади во напонската мрежа.

Системите за непрекинато напојување ( UPS системи ) од реномираниот италијанско - француски производител Socomec претставуваат идеална заштита при прекин на напојување, нестабилност на напонот на напојување или при испади во напонската мрежа. Врз база на избраниот модел, од широката палета на модели, уредите за непрекинато напојување овозможуваат доверливо работење на компјутерскиот систем одредено време и при прекин на мрежно напојување. Благодарение на автоматската регулација на напонот - функцијата AVR (Automatic Voltage Regulation) уредите за непрекинато напојување претставуваат вистинско решение за промените на мрежниот напон и неговите падови и скокови.

Покрај заштитата на компјутерските системи од електрични и физички оштетувања, заштитата и зачувувањето на податоците коишто се наоѓаат на компјутерските системи е најважната мерка којашто треба да ја превземете во Вашата компанија. Најчесто вредноста на податоците е непроценлива и неспоредлива со вредноста на компјутерскиот систем на којшто се наоѓаат тие. Ние Ви нудиме решенија за заштита и зачувување на податоците на компјутерските системи.

kaspersky   Денес, во секојдневната комуникација проследена со размена на документи во електронска форма, вниманието морате да го насочите на заштита на податоците коишто се наоѓаат во Вашиот информатички систем

Едноставно морате да го подигнете нивото на безбедност на Вашето работење. Ние Ви ги нудиме производите на Kaspersky Labs кои се лидери во производство и дистрибуција на IT безбедносни решенија со кои се штитат корисниците од разните закани врз информатичката мрежа.

Ви нудиме поставување на систем со којшто ќе се овозможи: контролиран пристап на сите процеси кон интернет и обратно од интернет кон одредени сервиси во Вашиот систем, спречување на несакани упади во Вашиот систем, ненадмината заштита од компјутерски вируси и сајбер-криминал, спречување на кражба на бизнис идентитет и комуникација, заштита на Вашите податоци и податоците на Вашите клиенти, заштита од интеренет шпионирање, заштита на финансиските и корисничките податоци.

На тој начин Вашата компанија ќе биде секогаш подготвена за испорака на услугите за Вашите клиенти, Вашата електронска комуникација и компјутерската мрежа ќе бидат постојано расположиви и доверливи и на тој начин се одржува и Вашиот професионален углед.

Kaspersky Certificates
ItGlobDoo-Kaspersky Certificate-2011-ItGlobDoo Certificate-2010_ItGlobDoo

Најголем проблем при набавката на компјутерски систем е изборот на најсоодветно решение кое што ќе ги задоволи потребите за кои е наменето. Ние нудиме компјутерски системи од проверени производители, лидери во својата област, решенија коишто ќе бидат доверливи и стабилни на долги патеки. Многу тешко може да се следи напредокот на технологијата и да се имплементираат веднаш новите технологии, па најбитно е при набавката на систем да се избере систем што ќе биде стабилен и доверлив и ќе си ја завршува квалитетно работата за која е наменет.

Нудиме широка палета на компјутерска опрема од реномирани производители. Kај нас можете да најдете и монитори, печатачи, мултифункционални уреди, скенери, уреди за складирање на податоци, компјутерска галантерија и компјутерски компоненти (мемории, процесори, матични плочи, хард дискови, преносливи хард дискови, компјутерски напојувања, вентилатори, ладилници и т.н.).

Кај нас можете да најдете и мрежни уреди за зачувување на податоци од производителот Synology. Тоа се таканаречените NAS уреди за мрежно складирање на податоци кои се спој од перформанси, издржливост и квалитет со бизнис ориентирани карактеристики, наменети за оние што бараат флексибилно мрежно складирање на податоци со високи перформанси.

Ви нудиме и техничка поддршка и консултации при изборот на софтверските решенија, потребни за доверлива работа на компјутерскиот систем и за квалитетно извршување на Вашите потреби.

Ви нудиме и компјутерски вентилатори и ладилници од реномираните производители: Rasurbo, Coolink, Noctua и т.н..

orink

Покрај оригиналните бои за печатачи од соодветните производители, нудиме и компатибилни бои за печатачи (тонери, кертриџи, рибони, бои и т.н.) од производителот ORINK.

Компатибилните бои за печатачи од производителот ORINK се со докажан квалитет, користат безопасни мастила со состав што не е лут или разјадлив, направени од "Formulabs" (САД) и го исполнуваат ISO9001 системот за контрола на квалитетот.

Компатибилните бои за печатачи од производителот ORINK  поседуваат ист или поголем капацитет и приближен или ист квалитет НО МНОГУ ПОНИСКИ ЦЕНИ ОД ЦЕНИТЕ НА СООДВЕТНИТЕ ОРИГИНАЛНИ БОИ ЗА ПЕЧАТАЧИ.

 КАРАКТЕРИСТИКИ НА ORINK - КОМПАТИБИЛНИ ТОНЕРИ
  ORINK производите се со докажан квалитет. Се продаваат на пазарите во голем број земји од Европа, Азија и Америка и веќе имаат добиено одобрение за квалитет од потрошувачите на овие пазари.
  Користат квалитетни и безопасни мастила со состав што не е лут или разјадлив, направени од "Formulabs" (САД)
  ORINK производите го исполнуваат ISO9001 системот за контрола на квалитетот.
  Достапен е широк избор на ORINK компатибилни бои за печатачи од повеќе производители: Hewlett – Packard, Canon , Samsung, Lexmark , Xerox , Dell , Oki...
 
 ЗОШТО ДА ИЗБЕРЕТЕ ORINK - КОМПАТИБИЛНИ ТОНЕРИ ??
  Компатибилните бои за печатачи од производителот ORINK се со докажан квалитет.
  Поседуваат ист а за некои модели дури и поголем капацитет од соодветните оригинални бои за печатачи.
  Поседуваат приближен или ист квалитет како и соодветните оригинални бои за печатачи.
  МНОГУ ПОНИСКИ ЦЕНИ ОД ЦЕНИТЕ НА СООДВЕТНИТЕ ОРИГИНАЛНИ БОИ ЗА ПЕЧАТАЧИ.

МАКЕДОНИЈАТУРИСТ АД Скопје

поставување и одржување на радиус сервер

СОЈУЗ НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ВОЗАЧИ НА Р.М.

тековно одржување на информатички систем

ЛИРА ДОО Скопје

тековно одржување на информатички систем

СЕЛЕКТРА - ЛИРА ДООЕЛ Скопје

тековно одржување на информатички систем

ПРАКТИКА МС ДООЕЛ експорт-импорт Скопје

тековно одржување на информатички систем

АРХИПРО МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје

тековно одржување на информатички систем

НОТАР НАДА ПАЛИЌ

тековно одржување на информатички систем

НОТАР ЉУБИЦА МОЛОВСКА

тековно одржување на информатички систем

ИЗГРАДБА-КОМЕРЦ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје

тековно одржување на информатички систем

СТЕЛА ТРАВЕЛ ДООЕЛ Скопје

тековно одржување на информатички систем

МОБИС ОНЕ ДООЕЛ Скопје

тековно одржување на информатички систем

ЗИНЕС ДООЕЛ Скопје

тековно одржување на информатички систем

БРУДЕР ПОЛСТЕРМЕБЕЛ ДООЕЛ Скопје

тековно одржување на информатички систем

ФАРИСА ТРЕЈД ДОО увоз-извоз Скопје

тековно одржување на информатички систем

ВИК-ДЕНТАЛ ДОО

тековно одржување на информатички систем

ГЛОБОЧКИ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје

тековно одржување на информатички систем

БИГМАК ДОО Скопје

тековно одржување на информатички систем

БЕЛА ДОО Скопје

одржување на информатички систем

СЕЛЛОПЛАСТ АТАНАСИОС ДООЕЛ Скопје

одржување на информатички систем

ИСКРА КОМПАКТ ДОО Скопје

одржување на информатички систем

КРАС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ експорт-импорт Скопје

одржување на информатички систем

ХАЛТЕКС ДООЕЛ извоз-увоз Скопје

одржување на информатички систем

ЛИМП-ИНГ ДООЕЛ увоз извоз Скопје

одржување на информатички систем

ИМПУЛС-Д ДОО увоз-извоз Скопје

одржување на информатички систем

АГРО-ЕКСПОРТ Д.И. ДООЕЛ Скопје

одржување на информатички систем

НОРЕМА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје

одржување на информатички систем

ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА

одржување на информатички систем

КУМАЛ СК ДООЕЛ увоз-извоз Скопје

одржување на информатички систем

и многу други

Сертификати

r-m
kaspersky

Авторизирана продажба

trendnet socomec
kaspersky r-m

Ценовници

ПРЕВЗЕМЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ЦЕНОВНИЦИ

Членство

ikt_logo komora
blank