ИТ МРЕЖИ

Нашата цел е да обезбедиме комплетни напредни мрежни решенија, почнувајќи од консалтинг и проектирање на мрежи, управување со проекти, изведба на компјутерски мрежи, испорака и имплементација на активна и пасивна мрежна опрема од реномирани производители, до техничка поддршка и одржување на компјутерски мрежи.

Нашата стратегија е да го одржиме широкиот опсег и високиот квалитет на услуги, а за нашата стручност и квалификуваност потврдуваат R&M и Nexans сертификатите за проектирање и изведба на мрежи.

Функционалноста, техничките карактеристики, доверливоста, надградливоста и можноста за квалитетно понатамошно одржување на компјутерската мрежа во голем дел зависат од планирањето, проектирањето и изведбата на мрежата.

Ви нудиме квалитетно и стручно планирање, проектирање и изведба на структурни локални и индустриски (компјутерски и телефонски) мрежи креирани преку бакарни кабли, проектирање и изведба на структурни кабелски системи со оптички влакна, проектирање и изведба на радио линкови и бежични мрежни решенија и компјутерски мрежи во кои се обединети различните технологии на мрежно поврзување.

Нашите инженери се квалификувани и поседуваат Nexans сертификати за проектирање и изведба на структурни кабелски системи со оптички влакна, Nexans сертификати за проектирање и изведба на структурни кабелски системи со бакарни кабли (за сите категории на кабли), R&M Authorized Desinger и R&M Certified Desinger - сертификати.

При изведбата на компјутерски мрежи користиме исклучиво квалитетни материјали, пасивна и активна опрема од реномирани, проверени и докажани производители. Материјалите и опремата кои што ги имплементираме во мрежните решенија ги задоволуваат сите пропишани стандарди за квалитет, безбедност и сигурност и ги поседуваат соодветно пропишаните сертификати.

За изведбата на мрежните решенија користиме стручно и квалитетно обучен кадар. Нашите инженери се квалификувани и поседуваат Nexans сертификати за проектирање и изведба на структурни кабелски системи со оптички влакна, Nexans сертификати за проектирање и изведба на структурни кабелски системи со бакарни кабли (за сите категории на кабли), R&M Authorized Desinger и R&M Certified Desinger - сертификати.

RandM Certificates
IT-GLOB-RM-Partner
LS-RM-certificate BP-RM-certificate
Nexans Certificates
ID-Nexans-certificate BP-Nexans-certificate LS-Nexans-certificate
r-m   Пасивната опрема што ја нудиме и имплементираме во мрежните решенија кои што ги изведуваме е од реномирани, проверени и докажани производители.

ИТ ГЛОБ, како R&M Authorized QPP Partner (QPP - Qualified Partner Program) со статус R&M Authorized Desinger, Ви ја нуди пасивната опрема од реномираниот производител Reichle & De-Massari. R&M располага со широка палета на производи за реализација на структурни локални и индустриски мрежи со бакарни кабли и оптички влакна.

Кај нас можете да најдете и оптичка опрема од производителот HUBER+SUHNER, комуникациски ормани и придружна опрема за ормани од производителите TRITON, R-ACnet и LADOX и останата мрежна пасивна опрема.

trendnet Активната опрема што ја нудиме и имплементираме во мрежните решенија кои што ги изведуваме е од реномираниот производител на активна опрема TRENDnet.

Со производите на TRENDnet можете подетално да се запознаете во делот Активна опрема на нашата веб страна.

Кај нас можете да најдете и мрежни уреди за зачувување на податоци од производителот Synology. Тоа се таканаречените NAS уреди за мрежно складирање на податоци кои се спој од перформанси, издржливост и квалитет со бизнис ориентирани карактеристики, наменети за оние што бараат флексибилно мрежно складирање на податоци со високи перформанси.

Покрај проектирањето и изведбата на локални компјутерски мрежи, Ви нудиме можност за тековно одржување на локалната компјутерска мрежа, активната опрема имплементирана во мрежата и информатичкиот систем поставен во таа мрежа.

Со тековното одржување на компјутерската мрежа и информатичкиот систем кој што е поставен во локалната мрежа се обезбедува поставување на системот и сите негови составни елементи (работни станици, печатачи, скенери и т.н.) во структура којашто ќе обезбеди:

  • доверлива, квалитетна и продуктивна работа,
  • одржување на мрежата и ситемот во работна состојба,
  • софтверска и хардверска дијагностика и превентива,
  • зачувување на податоците со креирање на резервна копија ( backup ) на надворешен медиум или на мрежни уреди за зачувување на податоци,
  • антивирусна заштита и заштита од упади во системот,
  • контролиран пристап до податоците во системот,
  • контролирано делење на документи во мрежа,
  • контролиран пристап до и од Интернет,
  • информирање и советување за потребите или решенијата кои се однесуваат на функционалноста на информатичкиот систем,
  • техничка поддршка и консултации при изборот на софтверските решенија, потребни за доверлива работа на компјутерскиот систем и за квалитетно извршување на Вашите потреби.

 

Сертификати

r-m
kaspersky

Авторизирана продажба

trendnet socomec
kaspersky r-m

Ценовници

ПРЕВЗЕМЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ЦЕНОВНИЦИ

Членство

ikt_logo komora
blank